Ако барем сте го гледале трејлерот за новиот дел од серијалот филмови Невозможна мисија, знаете дека има сцена во која Итан Хант (Том Круз) се трка низ улиците на Рим возејќи, ни помалку ни повеќе, Фиат 500.
Том Круз вози „фиќо“ по калдрмата на италијанската престолнина, а неговиот лик во филмот признава дека е изненаден од моќта на овој автомобил.
Во јуни минатата година, самиот Круз напиша на Твитер: „И претходно снимивме бркање со автомобили, но вакво нешто сè уште не сме направиле“.
Веќе знаеме дека Круз нема двојници за вакви сцени, туку сè изведува сам, но сега е откриена добро чуваната тајна на овој „супер фраер“.
Нил Корболд, супервизор за специјални ефекти рече дека „сцената првично требаше да биде едноставна, но Круз се заљубил во автомобилот, па решиле да го направат поинтересен“.