Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп, денеска ги откри имињата на оние кои можеби ќе ги кандидира за функцијата потпретседател на САД доколку победи на изборите во ноември.
Меѓу кандидатите се и неговите поранешни противници – бизнисменот Вивек Рамасвами и гувернерот на Флорида Рон Де Сантис.
– Дали во вашиот потесен избор се гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, сенаторот Тим Скот од Јужна Каролина, претприемачот Вивек Рамасвами, гувернерот на Јужна Дакота Кристи Ноем, конгресменот Бајрон Доналдс од Флорида и поранешната конгресменка Тулси Габард од Хаваи, го праша водителката на ТВ Фокс, на што Трамп одговори дека се.
Искрено, сите овие луѓе се добри. Сите тие се добри, сите се силни, рече Трамп.
Претседателските избори во Соединетите Американски Држави се закажани за 7 ноември годинава, а Американците се очекува повторно да избираат меѓу поранешниот претседател Доналд Трамп и актуелниот претседател Џозеф Бајден.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Трамп во моментов е во благо водство.