Во трговски центар во Њу Џерси за време на шопинг треската „блек фрајдеј“ дошло до инцидент со пукање во кој е ранет маж.
Во трговскиот центар во градот Сиракруз двајца мажи се избодени со нож.
Во вооружениот инцидент во трговскиот центар „Милс “ во Њу Џерси според портпаролката на градот Кели Мартинс повреден е маж , но за среќа неговите повреди не биле опасни по живот, пренесе АП.
По инцидентот нема уапсени , а ранетиот маж не сакал да соработува со полицијата, изјавила Мартинс.Според АП полицијата сега ги анализирала видео снимките од безбедносните камери.
По пукотниците трговскиот центар бил веднаш евакуиран.