Велика Британија и помага на Украина и практично е вклучена во конфликтот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската РТВИ.

„Генерално, за никого не е тајна дека Британците навистина обезбедуваат различни форми на поддршка за Украина. И на луѓето на теренот, и на разузнавачите итн. Односно, тие се практично директно вклучени во овој конфликт“, рече претставникот на Кремљ.

Изјавите на Песков се однесуваат на напис во Тајмс во кој се тврди дека британскиот министер за одбрана Грант Шепс наводно тајно и помогнал на Украина да развие борбени планови, јави ТАСС.

Портпаролот додаде дека не е запознаен со деталите, но посочи дека руската армија веројатно има повеќе информации.