Портпаролот на военото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, Абу Убаида изјави дека седум заложници држени во Газа биле убиени како резултат на израелското бомбардирање на енклавата.

Не е познато кога се случило ова.

„Бројот на заложниците убиени поради израелските воени операции во Газа сега надмина 70 заробеници“, додаде Абу Убаида во изјавата објавена на Телеграм. (МИА)