ВУЧИЌ: Кога дојдов на власт имавме иста просечна плата со Македонија, сега сме многу понапред

/ 02.03.2024

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во денешното обраќање изјави дека кога во 2014 година дошол на власт како премиер сите земји од регионот па дури и Македонија имале поголема просечна плата но оти за само 10 години Србија ги стигна и престигна.

-Tогаш во Црна Гора беше 490 евра, во Србија 330,  БиХ 374, Македонија 320. Сега во Србија е 812 евра, а очекуваме да биде 855. Црна Гора сега има 819 евра, Бугарија 842, а Романија 1019 евра, додека во Македонија просечната плата сега е 649 евра-пресмета Вучиќ.


Од истата категорија