Во Куманово денеска беше тестиран системот „Земи бројче“ со цел да се олесни постапката поврзана со процесот на издавање на лични документи, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на фејсбук.
„Земи бројче“ е во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација и има за цел да направи ред на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи и наскоро ќе биде ставен целосно во функција.
Денеска во просториите на Отсекот за управни работи – Куманово, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација го тестиравме системот “Земи бројче” кој има за цел да воспостави ред во однос на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи, а кој наскоро ќе биде целосно ставен во функција.
Продолжуваме и понатаму со изнаоѓање на конкретни решенија кои имаат за цел да ги олеснат постапките поврзани со процесот на издавање на лични документи, објави Тошковски.