Мицкоски уште еднаш потврди дека со него и со ДПМНЕ нема членство во ЕУНема членство во ЕУ со Мицкоски и ДПМНЕ.Тоа денеска Мицкоски самиот го потврди признавајќи дека патот за македонските граѓани во ЕУ е невозможен со ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Мицкоски вели дека ова не се избори помеѓу Европа и изолација, но во исто време промовира дефетистички ставови кон напредокот на земјата на патот кон ЕУ.Тоа на сите им е јасно. Не постои партија која повеќе ја оддалечила Македонија од членство во меѓународните организации од неговата.

Очигледно на Мицкоски полесно му е да го блокира патот на кон ЕУ и да ја врати земјата десет чекори назад, во времето на изолацијата, кога реалниот напредок, просперитетот и европските интеграции беа само мисловна именка.

Од друга страна, СДСМ покажа дека искрено работи на интеграцијата на земјата.

Северна Македонија е членка на НАТО, а за време на новиот мандат на Пендаровски и Ковачевски нашата држава ќе стане рамноправна членка на Европската Унија.

Граѓаните не сакаат државата да ја води политичар што ќе ја врати во „подрумот на Европската Унија“. Граѓаните сакаат јазна визија за иднината, визија која носи надеж, напредок, развој и европски животен стандард.

И како што би рекол Мицкоски: „Ги повикуваме граѓаните да излезат на избори и да одлучат во каква држава сакаат да живеат“. Едниот избор е рамноправна и просперитетна членка на ЕУ, а другиот е изолирана и затворена држава без надеж за подобро утре.