Повеќе од 400 луѓе се поврeдени во силниот земјотрес со интензитет од 6,3 степени по Рихтеровата скала што го погоди заадниот дел од Иран во близина на границата со Ирак.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Спасувачки тимови веднаш се испратени во урбаните и рурални делови од провинцијата Керманшах. Ангажирани се армијата и Револуционерната гарда. Во номеври минатата година тоа подрачје беше погодено од земјотрес во кој настрадаа повеќе од 400 луѓе.