Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочи со уцена за формирање на Влада од страна на албанските партии по наводно потпишаниот нон-пејпер во кој што се вели дека не би коалицирале со партии која што не прифаќа уставни промени?
На ова пратеникот Бојан Стојаноски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека се надеваат дека обединетата албанска опозиција нема да падне во замката на ДУИ.
„Ние ќе имаме доволен број на пратеници за да никој не мора ништо да не уценува. И ако дојде било кој со уцена ќе биде одбиен, ќе кажеме не на таквите уцени затоа што ВМРО-ДПМНЕ овојпат ќе биде партијата која поставува услови“, вели Стојаноски.
Вчера во студиото на ТВ21 гостуваше првиот вицепремиер Бојан Маричиќ кој истакна дека имало пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои што се расположени за прифаќање на уставните измени.
На ова пратеникот Бојан Стојановски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 порача дека 4 години се слушала оваа реторика и не би ги коментирал овие „несериозни изјави од несериозен политичар“.
„Нека остави Маричиќ на оние кои што имаат повеќе разбирање од него и да му одржиме лекција да види како може да се репреговара нешто притоа заштитувајќи ги националните интереси“, вели Стојановски.