Властите на Придњестровје, проруски регион во Молдавија, денеска соопштија дека експлозивно беспилотно летало, испратено од соседна Украина, ја погодило нивната воена база. Ова го објавија руските и локалните медиуми.
„Експлозијата предизвика пожар на територијата на воената база во Тираспол. Прелиминарните (наодите) утврдија дека експлозијата била предизвикана од напад со камиказа беспилотно летало“, соопшти Министерството за државна безбедност на самопрогласената република.
Дронот дошол од украинскиот регион Одеса.
Тамошната локална телевизија на својот профил на Телеграм објави видео од надзор на кое се гледа како дрон удира во воен хеликоптер кој експлодирал и се запалил.
#kamikaze #drone from #Odessa destroys Mi-8MT #helicopter at #Military base near #Tiraspol in #Moldova ‘s breakaway #Transnistria
Transnistria voted for the #Russian #PresidentialElection today#Russia #ISIS #VladimirPutin #UkraineWar #NATO #Elections2024 #c17 #bloodbath pic.twitter.com/YYtKAOUVjZ— thinkatom24 (@thinkatom24) March 17, 2024
Од 1990-тите, Русија ја поддржува сепаратистичката територија на Молдавија, која некогаш беше дел од Советскиот Сојуз и се граничи со Украина.
Руските власти во неколку наврати најавија дека Молдавија и Украина подготвуваат провокации и напади во тоа подрачје.
Властите на Придњестровје на крајот на февруари побараа од Москва „заштитни мерки против зголемениот притисок на Молдавците“.
Сепаратистичкиот регион е во непосредна близина на украинскиот регион Одеса, кој силите на Москва не успеаја да го освојат кога ја започнаа својата инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Руските власти сè уште велат дека имаат амбиции да го освојат пристанишниот град.
Придњестровје, тесен појас на земја меѓу Молдавија и Украина, се отцепи по кратката војна во 1992 година против молдавската армија. Според официјалните податоци, Русија се уште има 1.500 војници во таа област.