Вооружените сили на Украина се повлекуваат од Донбас поради недостиг на муниција, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност при Белата куќа.

„Им снема муниција во Донбас, а сега се повлекуваат кон втората и третата линија на одбраната. Русија продолжува да напредува кон запад. Ним им треба нашата поддршка и им треба сега“, изјави Кирби за Еј-Би-Си Њуз.

Покрај тоа, тој истакна дека САД се загрижени за намалувањето на сопствените резерви на оружје поради испораката на воена помош за Украина.

фото: архива