Во периодот јануари-октомври годинава во Албанија се пријавени 4.182 случаи на насилство, но тој број се верува дека е многу поголем ако се има предвид дека дел од жените се уште не се осмелуваат да го пријават насилството.
Во истиот период се поднесени 2.500 кривични пријави против насилниците, речиси сите мажи. Според официјалните податоци, во оваа земја, секоја трета жена барем еднаш се соочила со насилство.
Во поддршка на жените и осуда на насилствата се вклучи и претседателот Илир Мета. Претседателската резиденција во Тирана синоќа беше осветлена во портокалово, која е симбол на оваа борба.
Мета, кој се очекува да амнестира затвореници за полесни кривични дела, одлучи со неа да не бидат опфатени лицата осудени за насилство врз жените.
– Го повторувам мојот непоколеблив став да не се амнестира ниту еден осуден за кривично дела за семејно насилство, најави Мета.
Тој додаде дека физичкото и вербалното насилство врз жените и девојките не е машкост, туку слабост, како и главна пречка за сеопшт, рамноправен и стабилен развој.