Од почетокот на војната во Појасот Газа, 7 октомври 2023 година во израелските напади загинале најмалку 32.333 Палестинци, а повредени се 74.694, соопшти Министерството за здравство во Газа.

Како што наведе палестинското Министерство за здравство во изминатите 24 часа загинале 107 луѓе, а повредени се 176 Палестинци.

Израелската армија во окупираниот Западен Брег приведе 15 Палестинци, со што вкупниот број, од почетокот на војната, се искачи на 7.770.