Унгарскиот премиер Виктор Орбан вечерва пристигна во Република Српска, каде на аеродромот во Бања Лука го пречекаа претседателот на Српска Милорад Додик и премиерот на РС, Радован Вишковиќ.
Орбан ја предводи делегацијата на унгарската влада и бизнисмени коишто утре во Бања Лука ќе имаат серија средби со претставници на Српска, а ќе учествуваат и на Бизнис форумот.
Премиерот Орбан во Бања Лука пристигна од Сараево, каде што се сретна со членовите на Претседателството на БиХ и со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто.
Претходно во Бања Лука пристигна и унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто, кој беше пречекан од Вишковиќ.