Ако не победиме на овие избори, мислам дека така треба да биде. И во целиот западен свет е така, во сите развиени демократии е така. Ако изгубите избори, барем пред органите на партијата…иако кај нас имаше одредени случувања, не ми се дозволи од сопартијците барем едни избори да ги терам до крај. А јас им кажав, барам доверба од сите вас. Еден пар избори до 8 мај, ако не победиме на 8 мај, јас сум тука да дадам оставка и немаше да има сила која може да ме запре да не дадам оставка доколку бевме обединети и не победевме. И вака ќе победиме, вели Арбен Таравари ви интервјуто за Радио Слободна Европа.

Кога велите ако изгубиме избори, мислите на претседателските или на парламентарните избори?

-И на претседателските и на парламентарните секако. Претседателските ќе бидат еден индикатор за парламентарните избори. Така што, јас се надевам дека ќе ги добиеме без никаков проблем.

Во спротивно, поднесувате оставка?
-Така доаѓа.

Кои ќе бидат првите три чекори што ќе ги преземете доколку се случи другото сценарио, односно доколку победите на изборите за претседател на Северна Македонија?

-Доколку победам на изборите, прва работа што би направил би отишол во Брисел и би побарал од европските политичари да ни дадат гаранции дека нема да има други услови за Македонија за да го продолжиме европскиот пат. Втората работа, кој ќе биде идниот мандатар би го повикал оти треба да му се даде мандатот за да формира влада, од него би побарал да ми даде динамика за уставните промени за да ги започнеме што побрзо за да не ни се повтори Букурешт 2008 година. И трета работа, би побарал од политичките партии и од владата да се тргнеме од „Отворен Балкан“ како проект бидејќи никој не остана освен Македонија и Србија.

Целото интервју проследете го на овој линк