Попладнево бил уапсен новинарот Фуркан Салиу, објави 4NEWS.mk.

IN7.tv објави видео снимка од апсењето.

Според првичните информации приведен е поради наводен напад врз службено лице.

Салиу бил уапсен на фудбалски натпревар, велат полициски извори за НетПрес.

-Салиу бил приведен откако, според првичните информации, наводно нападнал  полицаец – припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). По инцидентот полицијата извршила претрес на Салиу и на неговото возило, при што нашла еден пиштол во неговиот ранец, пишува порталот.

По ова Салиу бил однесен во полициската станица Гази Баба.

Читај повеќе