Македонија денеска одбележува 31 година од приемот во Организацијата на Обединетите нации.
На 8 април во 1993 година со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, земјава беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација, врз основа на резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН од 7 април 1993 година.
Со тоа беше потврден нејзиниот меѓународно-правен субјективитет по изразената референдумска волја на македонските граѓани на 8 септември 1991 година за самостојна и независна држава.
Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, зачленувањето во ОН не беше направено под тогашното уставно име Република Македонија туку под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. Тоа беше првиот преседан за Македонија, а потоа следуваа и други за Македонија која си го бараше своето место меѓу меѓународни организации и асоцијации. Но, треба да се одбележи дека најголемем број од државите во светот ја признаа под уставното име Република Македонија, меѓу кои и членки на Советот за безбедност, како Кина и Русија.
Двете земји со посредство на ОН почнаа преговори за надминување на разликите околу името.
По долгогодишниот спор, под притисок на тн. меѓународна заедница и со посредство на ОН беше постигнат Договорот од Преспа што резултираше со промена на уставното име. И покрај неуспешниот референдум, во името на Република Македонија беше допишната придавката Северна.
Тоа се случи во време кога премоер беше Зоран Заев од СДСМ, претседател на државата Стево Пендаровски, а претседател на Собранието Талат Џафери од ДУИ.
Смената на уставното име на Република Македонија беше направена со образложение „да се отвори патот на земјата кон ЕУ и НАТО“.
Откако на барање од Грција беше сменето името на Македонија, Бугарија бара смена на историјата и Бугарите да влезат во македонскиот Устав, за Софија да отвори пат за Скопје кон Брисел и членство во ЕУ.
(Подготви: Д. Г.)