Новинарот Фуркан Салиу излезе од полициска станица, каде беше приведем по инцидент за време на фудбалски натпревар во село Средно Коњаре. Вели дека излегол поради поддршката од јавноста, инаку како што рече, сега ќе барале притвор за него и тоа без никаков доказ.

„Ме товарат дека сум нападнал полицаец, нека го докажат тоа и од утре не ме гледате веќе на екрани, не ме гледате нигде, ќе се извинам и ќе се тргнам“ рече Салиу.

„Тие велат дека сум нападнал полицаец, ако го докажат тоа јас ќе се извинам и повеќе нема да ме гледате на екраните. Нека докажат дека јас сум удрил полицаец, имаше камери, снимаа и нека докажат дека јас сум удрил полицаец. Потоа по апсењето ми ја претресуваа колата, јас не сум бил присутен, сега сум информиран дека мојот пиштол е најден расклопен како што треба според зкаонот, но тоа не треба да се врши без мое присуство. Избришани се снимките во кое имаше насилство врз мене, се надевам дека ќе ги вратиме снимките и целата вистина ќе излезе на виделина. Но ова е една грда фотографија на полицијата. Мислевме дека ќе се нормализираме, но пак истите фотографии. Ме уапсија луѓето-полицијата од началникот кој побара да ги смирам двете страни на натпреварот, а тоа се се снимаше, беше на работ на инцидент и јас ги смирив. Но откако тоа излезе од контрола, јас не сум виновен што имаше малку полицајци и многу луѓе, за тоа не сум јас виновен, тоа што се дозволи да се тепаат пред полицијата граѓани, за тоа некој друг треба да одговора“, рече Салиу.

Целиот настан почна кога еден млад дечко, кој седеше до нас цело време настрана и не учествуваше во тепачката, почнаа да го тепаат вели Салиу.

„Го фатија, го ставија под кола за да не се гледа и го тепаа. Го извадив телефонот за да го документирам тоа, затоа што дечкото навистина ништо не направи. Ми го земаа телефонот, не знам дали е скршен, ме уапсија мене, сум пружал отпор, сум нападнал полицаец, нека го докажат тоа. Се дерам дека сум новинар, 90 отсто до тие полицајци ме знаат, пред два дена заедно бркавме криминалци“, вели Салиу.

Во однос на приведувањето на лицето Ф.С. од Скопје ја информирам јавноста дека истото е последица на извршен напад на полициски службеници, припадници на Единицата за брзо распоредување кои биле ангажирани за одржување на јавен ред и мир на фудбалски натпревар кој бил оценет како натпревар со безбедносен ризик, а кои во моментот на напад од наведеното лице интервенирале бидејќи дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи стои во Фејсбук објавата на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на апсењето на новинарот Салиу.