Соопштение за јавност
Носителот во изборна единица 4, Венко Филипче денес во Кавадарци се сретна со голем број граѓани. Разговараше со пензионерите, дијабетичарите и здравствените работници со цел да се запознае со предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Филипче има за цел лично да разговара со огромен број на граѓаните во кампањата бидејќи како што вели тоа е најдобриот начин да се стекне доверба, но и да се разберат виситински проблеми на оние кои ќе ги претставува во Собранието.
„Во Кавадарци денеска имавме многу посети и средби со граѓани. Разговарав со пензионерите, дијабетичарите, здравствените работници, но и со членови на СДСМ и граѓани по улиците. Преку овие интензивни активности на терен сакам да се сретнам со што поголем број луѓе. Во последната недела разговарам со преку 200 луѓе дневно. На средбите ги слушам нивните проблеми и размислувања со цел да помогнам секаде каде што можам“ – истакна Филипче.
Тој вели дека негова цел е како иден пратеник да биде вистински претставник на граѓаните од оваа изборна единица.
„Она што го правам како доктор и неврохирург, а тоа е помагање на луѓето, ќе го правам и како иден пратеник. Заедно со нив ќе обезбедиме подобри услови и решение за секој проблем кој ги засега. Луѓето се секогаш благодарни и ценат кога им го посветуваме времето. Колку и да е напорно тоа понекогаш, силно верувам дека е најефективниот начин да се комуницира и работи во нивни интерес. Ќе продолжам уште поинтензивно во следниот период“ – рече Филипче по средбата со пензионерите.