„Семејството на Горан Стефановски соопшти дека тој ќе биде кремиран на 5 декември 2018 година, во Бархам крематориум во Кентербери во 9 и 20 часот. Пепелта, по негова желба, во пригодна прилика ќе биде расфрлена во водите на Охридско Езеро“, информира роднина на драматургот на Фејсбук.

Стефановски почина вчера во Велика Британија, како што беше објавено, „по кусо боледување“.

Стефановски е роден во 1952 година и е еден од најуспешните македонски драматурзи.