Најпрво сакам да им се заблагодарам на гласачите кои гласаа за нашиот кандидат. Победникот сме ние од коалицијата ВЛЕН. ВЛЕН ги освои гласовите на Албанците. ДУИ го загуби легитимитетот да ги претставува Албанците, изјави Билал Касами од коалицијата ВЛЕН.
„Овој резултат да се преточи во мандат на пратеници, тоа е мала разлика. ДУИ ја уништи можноста на овие избори да биде избран претседател Албанец. Оваа трка важеше денеска и уште повеќе ќе важи на 8 мај“, изјави Касами.