Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот противкандидат на претседателските избори во ноември, Доналд Трамп, соопштија дека прифаќаат јавна дебата пред изборите.
Осумдесет и едногодишниот Бајден, кој се кандидираше за втор мандат, во радио интервју, прашан дали би учествувал во јавна дебата со неговиот 77-годишен претходник од републиканците рече дека „со нетрпение би го очекувал“.
Ова е прв пат Бајден јасно да стави до знаење дека е подготвен за дебата со својот републикански ривал.
Трамп, кој одби да учествува во дебати дури и со ривалите од сопствената партија, пак изјави дека е подготвен за дебата со Бајден „во секое време, каде било“.