Џорџ и Амал Клуни ќе му бидат кумови на детето на принцот Хари и Меган Маркл, пренесува „Daily Mail“, признавајќи дека им недостасува само официјална потврда за тоа.

Извор им биле членови од семејството Клуни, кои се уверени дека актерот и неговата сопруга ќе бидат кумови, бидејќи во последно време се многу блиски со помалиот син на принцезата Дајана и неговата сопруга, која исто така била актерка пред да се венча со него.

Братучедот на Џорџ, Бен Бреслин, дека колку е уверен дека 57-годишниот Клуни ќе биде одличен кум.

„Тој е добар човек“, го пофалил, додека друг член на семејството, не претставувајќи се, рекол дека Џорџ е уверен во тоа дека ќе му бидат кумови на детето на Меган и Хари.

Меган и Амал со години се пријателки, а после запознавањето, Џорџ и Хари многу лесно се разбирале, па така започнале почесто да се дружат.