Хотелскиот синџир Мериот соопшти дека хакери украле лични податоци за околу половина милион нивни гости.

Американската компанија соопшти дека неовластениот пристап до базата на нивните податоци бил извршен во нивната хотелска филијала во Старвуд.

Компанијата верува дека со „грабежот“ се погодени „околу 500 милиони гости кои резервирале соби во сопственост на Старвуд“.

Се работи за имиња, адреси, броеви на мобилни, е-маил, број на пасоши и други лични податоци и информации за нивниот престој во хотелот.

Мериот за првпат се посомневале во можен хакерски напад во септември. Во синџирот на хотелот Старвуд се Вестин, Шератон, Ле Меридиен, Сент Реџис и В Хотелс.