Група маскирани напаѓачи ноќеска ја нападнале куќата на вицеканцеларот и министер за финансии на Германија, Олаф Шолц во Хамбург, соопшти полицијата.
– Група од десетина млади лица првично пред куќата во која живее вицеканцеларот Шолц запалиле автомобилски гуми, а потоа врз куќата фрлале со флаши со црна боја, соопшти денеска полицијата во Хамбург.
Напаѓачите се во бегство. Куќата на Шолц е под постојана полициска заштита единствено кога министерот е во Хамбург.