Не стивнуваат рекациите поради неупотребата на „Северна“ при заклевата на новата претседателка.

Никој во Европската Унија нема да се залага за земја членка која отстапува од своите обврски, предупреди од Солун потретседателот на Европската комисија, алудирајќи на обврските од Преспанскиот договор.

-Никој во ЕУ не е подготвен да толерира овие логики да се воведат во ЕУ. Никој нема да заложи за членство во ЕУ на земја-кандидат што отстапува од своите обврски и ги вознемирува соседите кои се веќе членови на европското семејство. Нема да се толерира никакво националистичко или популистичко повлекување во регион на кој му требаа децении за да се надминат длабоките јазови што ги отвори војната и етничките конфликти, нагласи Схинас.

Меѓу другото, при посетата на Саемот на книгата во Солун, потсети на острите тонови кои дојдоа од европското семејство/

-Има уште време да го напушти ќорсокакот на националистичкото заострување и ревизионизмот. Се надевам дека едногласните реакции на европското и атлантското семејство на нивните први изјави и постапки ќе бидат храна за размислување за носителите на одлуки во Скопје, рече Схинас.