Касами се надева дека прогеоворите ќе резултираат со компетентна влада составена од професионалци без разлика на нивната етничка припадност. Колку министерски места ќе добие Вреди засега не открива, кога ќе има конечен договор ќе соопштат. Изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за таен договор меѓу најголемите партии кој можен да влијае врз меѓуетничките односи, Касами ја оцени како многу опасна.

-Тоа е многу сериозна изјава, многу опасна изјава. Ахмети знаел во одредени моменти да дава такви изјави, сега излегува дека и во минатото, поточно во 2008 година, меѓу Али Ахмети и Мендух Тачи, кои се заедно денес, било договорено да има братоубиство, изјави Биљал Касами – Движење Беса.

Обвинувањата и заканите на Ахмети дојдоа во ист ден со одлуките на Управен суд да ги отфрли тужбите на Европски фронт предводен од ДУИ, со што се потврди одлуката на ДИК за прегласување во седум избирачки места во петката и шестката а со тоа и можноста интегративците да останат без два пратенички мандати. И додека течат преговорите за состав на Влда, потпретседателот на ДУИ Бујар Османи го потврди партискиот став дека влегувањето на Вреди во Влада ќе ги разгневи сите Албанци кои ќе ценат дека нивните гласови ќе бидат ништовни, а Скендер Реџепи Зејди чија партија е дел од Коалицијата Европски фронт пак денеска во телевизиско интервју рече дека тие се добитници на албанските гласови и легитимни претставници на Албанците и не размислуваат за заминување во опозиција.

-Европскиот фронт не влезе во политичката трка да биде ниту втор ниту трет, влезе да ги освои албанските населби и такво нешто се докажа, бројките се јавните податоци, односно легитимноста на луѓето од албанските населби. Победи претставништвото на Европскиот фронт,- изјави – Скендер Реџепи Зејди – Коалиција Европски фронт.