Власите се составен ден од Македонската историја и култура, секогаш давале придонес за општеството и неговиот развој, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својата честитка по повод 23 мај – Националниот ден на Власите.
Во продолжение соджината од честитката во целост:
Во име на ВМРО-ДПМНЕ и во мое лично име го честитам 23 мај, Националниот ден на Власите.
Власите се составен дел од македонската историја и култура, секогаш давале придонес за општеството и неговиот развој.
Како идна влада ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на засилен и забрзан економски развој, евроинтеграции и борба против корупцијата, процеси во кои ќе бидат вклучени и Власите.
Следува враќање на државата кон народот, кон секој еден човек, да се чувствува безбедно, со еднакви можности и со ветувачка иднина.
За иднината мора да се работи, да се унапредува животниот стандард и економските прилики.