Еден победник има на изборите. Секогаш нашите влади биле мултиетнички, така што не можам да забележам мајоризација, вели додаде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на ДУИ дека им е одземен „легитимитетот“.
Претседателката му испрати порака на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека е опасно е да се биде секогаш на власт, затоа што власта оптоварува.
Таа истакна дека изборот на влада се прави според идеолошката определба, како и според наоѓањето со кого би постигнале најдобри реформски резултати.
Од ДУИ најавуваат редефинирање на правниот поредок на државата, односно, според нив, тенденциите на новата Влада се минирање на сè што е постигнато од 2001 година досега.
ДУИ бара, како што велат, почитување на гласот на албанскиот народ и другите етнички заедници бидејќи тоа е единствената гаранција за стабилност и прогресивен континуитет на земјата.
Арбер Адеми од ДУИ денеска изјави дека најважно е да се ужива поддршката од граѓаните и да се има легитимитет, даден од нив, а не како, што рече „како губитник и како некој што моли да стои зад врататата да молиш, да плачеш да си дел од власта“, алудирајќи на коалицијата Вреди, која е во преговори со ВМРО-ДПМНЕ за составување нова влада.