Албанците нема да пролеваат крв за некој да стане милионер. Вака првиот човек на Движењето БЕСА Билал Касами ја коментира изјавата на опозиционерот Али Ахмети дека Албанците имаат уште крв да станат господари на себе. Касами посакува ДУИ да биде конструктивна опозиција.

„Посакувам да биде конструктивна опозиција затоа што принципот што го поддржуваме е дека успехот и резултатите на владата зависат од тоа колку е силна опозицијата. Тие ги имаат бројките, верувам дека ќе имаат и волја да бидат моќна опозиција и од ова ќе зависат нашите резултати во владата. Албанците немаат да пролеваат крв за некој да стане милионер“, рече Билал Касами, ВЛЕН.

Аналитичарите оценуваат дека е разбирливо разочарувањето на ДУИ што по две децении треба да си замине од власт, но потенцираат дека политика не се прави со провокации. Алсат.мк