Венко Филипче чие средно име е ДИЛ е последниот во државата што може да говори за ДИЛОВИ. Впрочем истиот Венко Дил Филипче, кој најдолг период раководеше со ресорот здравство е директно одговорен за неградењето на Клиничкиот центар и раскинување на договор за изградба иако буквално се беше реализано во однос на процедури до фазата – отпочнување со градба, вели Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ во објава на „Фејсбук“.
Токму, Филипче ја урниса надежта како за членовите на неговата партија,така и за сите граѓани на Македонија, а показател затоа е нереализацијата на 80 отсто од целата програма за здравство која ја понудија пред граѓаните.
Тој денес е одговорен и за ракинување на договорот за градба, каде според информациите во медиумите има побарување на оштета за неградба изразено во неверојатни 20 милиони евра.
Дил Филипче на кого устата му е полна со зборот “надеж, дебата и транспарентност” вработените во Министерство за здравство уште го паметат по невидената затвореност, забрана за влез во неговиот кабинет за службени цели, а службените документи странките,но и вработените беа принудени да ги оставаат на вратата пред кабинетот каде така чекаа со месеци да бидат потпишани.
За многу кратко од денес за сите ќе биде појасно зошто во фиока со месеци се чекало за “драгоцениот” потпис на Венко Дил Филипче и дали можеби ова биле свесните индикации за “рекет” на Дил Филипле?
За него поважно беше зад затворени врати, далеку од колективот да носи одлуки за сомнителни тендери во четири очи.
Ваква дебата практикува Венко Дил Филипче кога е на власт, а денес раскажува приказни за дебати,наместо да се скрие во некаква дупка.
И денес очекуваме одговор од Венко Дил Филипче:
1. Врз основа на што го раскина договорот?
2. Дали лично тој ќе одговара за неодговорното и недомаќинско работење за време на извршување на функцијата министер за здравство?
3. Ќе понесе ли Филипче одговорност доколку се потврди оштетата и
4. Ќе г
и плати ли Филипче од свој џеб овие средства доколку се утврди незаконитост во раскинувањето на договорот согласно побарувањето за оштета што денес го имаме за неградба на Клинички центар?
Многу скоро од денес Венко Дил Филипче ќе мора да понесе одговорност за своите дилови, а македонскиот народ ќе се увери дека законите ќе важат за секој поединец подеднакво, потенцира Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.