Албанија одигра нерешено против Хрватска.2-2 во Хамбург е повеќе од заслужено бидејќи Албанија беше подобра, посебно во првиот дел. Иако Албанците поведоа, „коцкестите“ се вратија во игра.
Албанија во рана фаза од натпреварот го отвори резултатот со голот на Лачи во 11 минута и ја одржуваше предноста до завршните минути кога уследи целосен пресврт на Хрватска со два гола за две минути.
Најпрво Крамариќ го израмни резултатот во 74 минута, а Хрватите дојдоа и до водство со автоголот на Џакула во 76 минута.
Сепак, истиот играч беше прецизен и на спротивната страна и во петтата минута од судиското продолжение ѝ донесе голем бод на Албанија во дуелот против фаворитот Хрватска.
овите, и Хрватска и Албанија се подеднакво далеку од пласман во втората фаза.