Република  Македонија од својата независност во 1991 имала вкупно 12 премиери и 19 влади, меѓу кои еден претседател на преодна влада и тројца претседатели на техничка влада. Некои од премиерите се задржаа и по неколку мандати на функцијата, а некои имаа краток век на траење. Мандатарот за формирање на новиот владин состав и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе биде 13. премиер, а владата формирана од Коалицијата „Твоја Македонија“, Коалицијата „Вреди“ и Движење ЗНАМ – За наша Македонија, ќе биде 20. влада од осамостојувањето на државата.

Новата Влада што ја предложи Мицкоски ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив како „прв вицепремиер“.

Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

Владата на Република Северна Македонија на денешната 22 седница ја разгледа и усвои „Информацијата за креирање на Националната развојна стратегија 2022-2042“ и ја усвои и „Методолошката рамка

Според одредбите од собранискиот Деловник, новата влада треба да биде изгласана најдоцна до недела на полноќ. За да биде избрана, за неа треба да гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Парламентот, односно потребни се најмалку 61 глас „за“.

Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата Влада во законодавниот дом брои 78 пратеници – 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ.

Досегашни премиери

Од независноста најмногу мандати како премиер имал Никола Груевски, кој од 2006 до почетокот на 2016 четири пати составуваше влада по изборите во 2006, 2008, 2011 и 2014 година. Зад него е поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој беше премиер од 1992 до 1994, па потоа од 1994 до 1998 и од 2002 до 2004 година.

Прв македонски премиер беше Никола Кљусев и тој беше предводник на т.н. прва и експертска влада на Македонија. Кљусев како премиер на тогашната влада, по воведувањето на политичкиот плурализам, стапи на функцијата откога беше избран од Собранието на 20 март 1991 година. Кљусев беше економист, универзитетски професор и член на МАНУ. Мандатот на Кљусев го обележаа низа крупни политички настани, пред сѐ и преку формирањето на институциите на државата, армијата, воведувањето на денарот и етаблирањето на државата на меѓународната сцена.

Бранко Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ, тоа им е јасно на сите, и затоа не верувам во приказните кои се пуштени во јавноста дека тој ќе формира нова партија, оцени денеска премие

На 4 септември 1992, откако СДСМ извојува победа на парламентарните избори, а на чело на Владата застана Бранко Црвенковски. Тоа е првиот негов премиерски мандат, а тој наедно е и најмлад мандатар, со тогашни 29 години. Црвенковски ја води Владата до крајот на ноември 1998 година, односно вкупно шест години и три месеци. Тоа се бурни времиња на политичката сцена, кои се карактеризираат и со болна транзиција, но и со блокади и ембарга од Грција. Црвенковски по втор пат станува премиер по изборите во 2002 година, неколку месеци по завршувањето на безбедносната криза во Македонија во 2001-та. Во вториот наврат на премиерската функција, Црвенковски раководи со Владата во времетраење од околу две години, по што се кандидира за претседател на државата и по победата на изборите, претседателската функција ја извршува од 2004 до 2009 година.

Трет македонски премиер беше Љубчо Георгиевски, кој по победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 1998 година застанува на чело на Владата и ја предводи до 1 ноември 2002 година. И Георгиевски мандатот го поминува во исклучително тензичен и тежок период, во кој се случуваат воениот конфликт и бегалската криза во соседно Косово. По параментарните избори во 2002 година, на челното место во ВМРО-ДПМНЕ го наследува Никола Груевски. Во 2004 година, по несогласувања со политиката на Груевски, Георгиевски се повлекува од ВМРО-ДПМНЕ и ја формира ВМРО-Народна партија. Од февруари до октомври 1991 година, тој беше и потпретседател на претседателот на Македонија.

На премиерското столче на 2 јуни 2004 година, седна и банкарот Хари Костов. Тоја застана на чело на Владата како непартиска личност, по изборот на дотогашниот премиер Бранко Црвенковски за претседател на државата. Костов на премиерската функција беше неполни шест месеци, а на 15 ноември истата година си заминува од оваа позиција.

Северна Македонија нема алтернатива. ЕУ е нашата стратешка цел, затоа мора да се избориме за почетокот на преговорите со ЕУ. Заев се бори за нашата европска иднина во духот на европските вред

 

По изборите во 2002 година, СДСМ од своите редови делегира уште еден премиер, односно универзитетскиот професор по Римско право Владо Бучковски. На 26 ноември 2004 то е избран за лидер на СДСМ. Истиот ден му е доверен мандатот да формира нова Влада по оставката на претходниот премиер Хари Костов.  Бучковски ја предводеше Владата од 12 декември 2004 година до 26 август 2006 година.

По изборната победа во 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта во државата и на чело на Владата застанува Никола Груевски. Овој македонски политичар и економист по вокација, во серија на неколку редовни и предвремени изборни циклуси остана најдолго на премиерската функција, односно четири мандати во вкупно траење од 9 години и 145 дена. Во мандатот на Груевски имаше и неколку големи политички кризи, за чие надминување посредуваше меѓународната заедница. Во тоа време беа и Шарената револуција, објавувањето на таканаречените бомби и договорот за формирање Пржинска влада пред секои избори. На чело на партијата ВМРО-ДПМНЕ беше од мај 2003 до неговото повлекување од таа позиција во декември 2017. Груевски во мај 2018 година е осуден на двегодишна затворска казна за злоупотреба на службена положба при набавка на службено возило. Во ноември истата година избега во Унгарија каде што доби политички азил.

На 1 јуни 2017 година, тогашниот лидер на СДСМ Зоран Заев го започна првиот премиерски мандат, кој траеше две години и седум месеци, сѐ до предвремените парламентарни избори. Во вториот мандат, Заев е премиер една година и четири месеци, сѐ до моментот додека не поднесе оставка по поразот на СДСМна локалните избори во 2021 година. Во периодот на Заев, беше потпишан Преспанскиот договор со Грција, кој донесе и промена на името на државата, а беше склучен и Договорот за добрососедство со Бугарија. За време на мандатот на Заев како премиер, Македонија стана и полноправна членка на НАТО. На лидерското место во СДСМ беше од 2013 до 2021 година.

null

Димитар Ковачевски кој го презеде челното место во СДСМ од Заев, ја предводеше Владата од 16 јануари 2022 година до 28 јануари 2024 година, односно 2 години и 10 дена. Ковачевски е економист и поранешен професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје. За претседател на СДСМ е избран на 12 декември 2021 година. Ковачевски го наследи Зоран Заев на премиерската и партиската функција по неговото повлекување во 2021 година. По поразот на годнашните претседателски и парламентрани избори, Ковачевски си даде оставка од претседателската функција во СДСМ.

И технички премиери седеа на „Илинденска“

Владата во изминатиот период беше предводена и од т.н. технички премиери и од лидери на преодна влада. Последен ваков случај е со актуелниот технички премиер Талат Џафери. Тој од местото претседател на Собранието застана на чело на  техничката Влада на 28 февруари годинава и ја предводи до формирање на новата влада.

Пред Џафери, оваа функција беше извршувана и од Оливер Спасовски. Тој застана на чело на техничката влада на 3 јануари 2020 година и ја предводеше 241 ден, односно сѐ додека по изборите повторно на премиерското столче не се врати Зоран Заев.

Пред Спасовски, оваа функција ја извршуваше и Емил Димитриев, кој управуваше со техничката влада од 18 јануари 2016 година, по оставката на премиерот Никола Груевски како дел од договорот постигнат во Пржино. Димитриев како технички премиер ја водеше Владата вкупно една година и 134 дена, односно до 1 јуни 2017 година.

Во оваа група технички или преодни премиери влегува и единствената жена Радмила Шекеринска, која во два наврата беше на чело на таканаречена преодна влада, како вршител на должноста. Оваа македонска политичарка, која дипломирала на Електротехничкиот факултет, првиот мандат на вршител на должност на преодна влада го започна на 12 мај 2004 и остана на функцијата до 2 јуни истата година. Вториот мандат ѝ беше од 18 ноември 2004 до 17 декември 2004 година.

Фатиме Фазљији за МИА

Фото: МИА