Градоначалничката на Париз Ан Идалго објави дека штетата од насилствата при протестите на „жолтите елеци“ во саботата е три до четири милиони евра во Париз што се однесува на градската опрема.

Таа проценка е се уште делумна, и не опфаќа објекти.

Од саботата нвечер од градските служби расчистиле 900 метри кубни отпад и повеќе од 200 остатоци од опожарени автомобили.

Пожарникарите пријавиле вкупно 249 пожари, гореле 112 возила и шест згради.

Таа најави состанок в четврток со градската управа, државата и Здружението на трговци и осигурителни куќи за „да им се помогне на трговците чии загуби се огромни“. Протестите во саботата беа насилни со 412 приведени што е рекордена цифра во изминатите децении.