Стотици неонацисти веќе подолго време избегнуваат апсење бидејќи властите во Германија немаат информации за нивното место на престој, јавија германски медиуми.
– Во крајот на септември 467 припадници на ектремно десничарската сцена се на слобода иако за нив има налози за апсење, објави весникот Оснабрикер ноје цајтунг повикувајќиу се на податоци од Министерството за внатрешни работи.
Според истите информации, приведувањата не се извршени поради тоа што властите не можат да им влезат во трага на луѓето за кои има потерница.
Дел од нив се веќе во странство. Според инфрормации на МВР, 29 од нив се во други држави на ЕУ, меѓу кои Австрија, Чешка, Унгарија и Полска.
Претставникот на Синдикатот на полицајци, Јерг Радек изјави дека бројот на неонацисти кои се на слобода е мал во однос на останатите бројки.
– Во Германија има 175.000 луѓе на слобода и покрај налог за апсење, и бројката од 476 неонацисти меѓу нив е многу мала, изјави тој.