Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека сериозно ги сфатил коментарите на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека може да донесе брз крај на борбите во Украина.
-Фактот што Трамп како претседателски кандидат вели дека е подготвен и сака да ја запре војната во Украина, ние го сфаќаме тоа доста сериозно, рече Путин на прес-конференција во Астана.
Тој додаде дека „не е запознаен“ со конкретните предлози на Трамп.