Премиерот Христијан Мицкоски денеска во седиштето на CNN остварил продуктивна средба со познатиот новинар Ричард Квест и Фил Нелсон, извршен потпретседател на CNN.

-Направив краток брифинг за актуелната политичка состојба и позициите на Македонија и разговор за можностите за промоција на капацитетите и потенцијалите на државата на овој угледен и реномиран медиум, објави Мицкоски на Фејсбук.

Премиерот во САД ја предводеше македонската делегација на НАТО Самитот кој се одржа во Вашингтон. Одржани беа поголем број средби и разговори со делегации од повеќе држави.