Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во 13:15 часот ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на комплетно нова детска градинка во населено место Трубарево, во Општина Гази Баба.

Детската градинка има капацитет на згрижување на 60 деца, и е на површина од 720 метри квадратни во кои ќе се изградат 3 занимални за деца, административни простории и останати помошни простории.

Вкупна инвестиција на истата во првата фаза ќе изнесува 19 милиони денари.