Eвропскиот Суд за правда в понеделник ќе објави пресуда за тоа дали може Британија еднострано да ја повлече одлуката зa напуштање на ЕУ.
Пресудата што се донесува со невообичаена брзина, ќе биде објавена еден ден пред гласањето во британскиот Парламент каде пратениците ќе се изјаснат за тоа може ли да го прифатат договорот за брегзит кој премиерката Тереза Меј го договори со ЕУ.
Главниот советник на највисокиот суд на ЕУ во вторникот објави дека Британија може еднострано да ја повлече одлуката за напуштање на ЕУ.
Прашањето во облик на петиција прво во шкотски судови го поставија група предводена од Енди Вигтман и тие беа заинтересирани може ли Британија еднострано да го повлече активирањето на Членот 50 од договорот со ЕУ.