Имавме денес навистина содржаен состанок со комората на Северо-Западна Македонија и мислам дека со сите предизвици со кои што компаниите се соочуваат бевме запознаени. Наш главен приоритет и примарен интерес е македонските компании да растат. Зашто е тоа интерес- затоа што колку тие побрзо ќе растат, колку по робусно ќе растат толку повеќе приходи ќе имаат во самиот буџет, а колку повеќе приходи ќе имаат толку повеќе инвестиции ќе има во образованието, во здравството ќе има повисоки плати, повисоки пензии, во земјоделието, во културата, во спортот, во инфраструктурата итн, истакна премиерот Христијан Мицкоски.
-Како влада се насочивме жестоко да работиме заедно со македонската економија, со компаниите и да ги помагаме тие побргу да растат. И во таа насока денеска разговаравме за оној заем кој што веќе го земавме, од половина милијарда евра односно заем за кој што имаме согласност заедно со унгарската влада, којшто сега треба да биде официјално и потпишан, потоа преку закон да биде и ефектуиран во рамките на парламентот и како сето тоа ќе функционира за поддршка на економијата; условите се тие 3,25 % фиксна каматна стапка, 15 години , 3 години грејс период 12 години рок на отплата. Тоа што државата го зема, тоа го дава на стопанството. Сега ќе видиме во следна фаза ќе отвориме разговори со комерцијалните банки да видиме дали како опција тамо ќе се пласира или ќе се пласира на друг начин но важно е дека не сакаме да биде оптеретен овој кредит со дополнителни услови бидејќи цениме дека е поволен, на пазарот е можеби со два пати поповолни услови од она што може да се обезбеди од комерцијалните банки и цениме дека на овој начин можеме да го помогнеме стопанството, рече Мицкоски.
Втора поента, додаде Мицкоски, се и тема којашто ја разговаравме и во тој контекст би сакал да кажам се и инфраструктурните проекти и каква е иднината и какви се нашите планови.
-Од страна на комората на Северо-Западна Македонија, беше исто така потенциран фактот околу минималната плата се зборуваше и за земјоделието, ценам дека беше исклучително плодна дискусијата. Мојата порака, пораката на владата е дека треба заедно да работиме и дека како Влада сме целосно на услуга на бизнисот. Бизнисот е тој кој треба да иницира, да предлага, заедно во еден дијалог тие работи да ги надминуваме. Не ја имаме таа пракса од претходните влади во свечената сала во рамки на зградата на владата да ги собереме сите комори и тамо сега да кажеме половина саат што мислиме и да си заминеме, затоа ние идеме кај коморите. Ќе продолжиме да идеме, да разговараме да слушаме идеи и тоа да го решиме. Ќе повторам, прв и основен приоритет е да обезбедиме повеќе пари во буџетот затоа што ваков каков што е тој е, ограничен е. Како тоа ќе го направиме? Доколку коморите и компаниите и економијата се поуспешни. Колку се тие поуспешни толку ќе има повеќе средства за сите други области коишто се потребни, додаде Мицкоски.