Претходната влада предводена од СДС и ДУИ предвидела, ни помалку ни повеќе, 560 милиони евра за пруга кон Бугарија и тунел кој нема излез. СДС и ДУИ покажале дека водејќи ја владата ништо не им било важно, туку само да спроведуваат тендери, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и ДУИ сакале за третата делница од 24 километри да потрошат 560 милиони евра. Или километар според СДС и ДУИ би чинел околу 23 милиони евра. Што зборува ова? Македонија е ограбена држава! Македонија е држава оставена со големи проблеми, со неплански проекти затоа што претходната власт на СДС и ДУИ имала само една цел – да спроведува тендери за лична корист“, се наведува во партиското соопштение.