Министерството за одбрана по четврти пат е на врвот на листата на најтранспарентни институции во Македонија.
На врвот на листата е со 100-процентна исполнетост на критериумите согласно Индексот на активна транспарентност.
– Високата транспарентност е најдобар начин за справување со дезинформациите. Градиме силен и отпорен систем во кој вистината е пред сѐ и над сѐ. Продолжуваме посветено да работиме во служба на граѓаните, велат од Министерството за одбрана.
Активната транспарентност на Министерството за одбрана во 2024 година изнесува највисоки 100% (од можни 100%) со што министерството се наоѓа во групата институции со „многу добра“ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80% до 100%). Со овие бодови, министерството се наоѓа на 1-та позиција не само меѓу министерствата, туку и меѓу вкупно 98 рангирани институции четврта година последователно. Ова министерство особено ја подобрува својата активна транспарентност од 2018 година наваму.