Мигрант од Ирак се здобил со изгореници од струен удар откако се качил на товарен воз во обид илегално да влезе во Република Македонија од Грција.

Како што соопшти МВР, вчера во 22:20 часот било пријавено дека на Железничката станица Гевгелија лицето Т.Х.А.Б. од Ирак, на возраст од 29 години кој бил качен на вагон од товарен воз се здобил со струен удар.

Ирачанецот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница Гевгелија каде му биле констатирани изгореници од втор и трет степен, а подоцна бил префрлен комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.