Независниот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор изјави дека ја прекинува кампањата за претседателските избори во САД, но не ја завршува, додавајќи дека го поддржува републиканецот Доналд Трамп на изборите на 5 ноември.
– Не ја завршувам својата кампања, само ја прекинувам, не ја завршувам. Моето име ќе остане на гласачкото ливче во повеќето држави, рече тој на митинг во Аризона.
Кенеди влезе во трката во април 2023 година како предизвикувач на Џозеф Бајден за номинација на Демократската партија, но загуби и одлучи да се кандидира како независен.