Додека власта и опозицијата се препукуваат кој е виновен зошто оваа година нема да има покачување на платите на просветните работници, од Независниот синдикат за образование и наука најавуваат серија на протести со стартот на учебната година се додека не се исполнат нивните барања за почитување на колетивните договори и на Законот за минимална плата.
„Независниот синдикат за образование и наука од 2 септември ќе зпочне со серија на протести. Првиот протест ќе биде во Битола и ќе продолжиме се додека не бидат исполнети нашите барања, односно не добиеме достоинствено вреднување на трудот“, изјави Гиевски за Телма.
За тоа дали во протестот ќе бидат поддржани од другите синдикати во образованието, како што е Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Гиевски вели дека од СОНК не добиле никаков одговор на барањето за соработка.
„До СОНК, како лани, така и оваа година, доставиме барање за заеднички настап, односно да покренем заеднички активности за целосно почитување на колективните разговори. Лани добивме негативен одгвоор, оваа година не добивме никаков одговор“, вели Гиевски.
Протестот на Независниот сидникат во образованието и науката го исклучува штрајкот како форма оти, како што вели Гиевски, од 2022 година ниту еден синдикат во образованието, вклучително Независниот синдикат за образование и наука, нема докажано репрезентативност и добиено решение од Комисијата за утврдување на репрезентативност, што ги онезвоможува кој и да е од синдикатите законски да организираат штрајк.
Поради тоа Независниот синдикат за образование и наука своето незадоволство што платата во образованието нема да биде усогласена со минималната платам, односно нема да ги добијат ветените 12 посто покачување, како што вели Гиевски, ќе го изразуваат преку протести и јавно говорење и искажување на незадоволство по однос на работничките права.
Инаку, откако вчера министерката за образование Весна Јаневска повтори дека годинава нема да има покачување на платите во образованието, поради лошата состојба со буџетот кој новата власт го наследила од претходната, од СДСМ денеска возвратија дека е сосема е неоправдано Владата да тврди дека нема можност да се покачат платите во образованието, туку дека во прашање е изборот на приоритетите на новата Влада.