Грчкиот сојуз на извозниците инфомира дека во октомври годинава е регистриран голем раст на грчкиот извоз.
Според анализата на Центарот за извозни истражувања, која е заснована врз нецелосни податоци од грчката статистичка служба, во октомври извозот на земјата е зголемен за околу 24 проценти на годишно ниво и изнесува 3,12 милијарди евра во споредба со 2,51 милијарди во октомври 2017 година . Ако не се земат предвид нафтените производи, извозот пораснал за 11,7 проценти или од 1,80 на 2,01 милијарди евра.
Слично е и сликата за целиот период од јануари до октомври 2018 година. Извозот е зголемен за 4,17 милијарди евра или за 17,6 отсто и изнесува 27,78 милијарди евра, споредено со 23,61 милијарди за истиот период минатата година. Без нафтените производи, извозот за овој период изнесувал 18,34 милијарди, што претставува зголемување за 11,8 отсто од 16,4 милијарди минатата година.