Има многу јасни клаузули во Договорот за пријателство со Македонија, но во Скопје треба да престанат да ја фалсификуваат историјата, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов.
-Веќе година и пол тн Комисија во пракса нема никаков напредок. Од бугарска страна има желба да се направат компромиси, што според мене е недопустилво, а од македонска страна има желба да се извртува, рече Каракачанов осврнувајќи се на работата на заедничката експертска комисија за историски и образовани прашања помеѓу Бугарија и Македонија за неделната емисија на Бугарското национално радио.
Тој рече дека не жали дека е потпишан Договор за добрососедство со Македонија и додава дека како лидер на ВМРО, човек, историчар и Бугарин има право на мислење.