Во предвечерието на Божиќните празници, млада Шкотланѓанка се запишала на часови по танцување и си порачала секси божиќен костум преку интернет кој бил потребен за часовите.
Меѓутоа, тоа што го добила, ја разочарало целосно, но од друга страна, успеало да ги развесели тие кои на социјалните мрежи ги виделе постираните од нејзе фотографии.
Цената на костумот била седум фунти, вистинска дребулија за Шкотска,  а Лиза Вилијамсон мислела дека за ефтини пари ќе добие секси божиќна облека за танц. Но, наместо тоа доживеала шок: Единствено нешто што се совпаѓало меѓу рекламираната облека и тоа што го добила бил еден цвет.
Лутината бргу и поминала, па решила да ги развесели пријателите и направила неколку снимки кои ги споделила. Многу се изненадила кога, наспроти тие кои и се потсмевале, имало и многумина на кои фотографиите им се допаднале.
Сепак, најголем број сметале дека Лиза едноставно направила грешка кога порачувала и испратила погрешни димензии.