Постојат различни начини да се украде уметничко дело. Некои се достојни за презир, а на некои мора да им се восхитувате. Во секој случај, признавањето секогаш се цени.

Фразата, која понекогаш му се припишува на Вилијам Фокнер, оди вака: „Добар уметник копира, одличен уметник краде”. Неколку други, наводно, рекле нешто слично – вклучувајќи ги и Пабло Пикасо, Стив Џобс, Игор Стравински и Т.С. Елиот – што би значело дека е многу веројатно, таа иста изрека да била украдена повеќе пати.

Елиот ја прошири идејата, навела Лигја Мишан во „Тајмс”, додавајќи дека „лошите поети го уништуваат она што ќе го земат, додека добрите поети прават нешто подобро или барем малку поинаку од тоа”.

Плагијарството е „несомнено најдлабоко и најегзистенцијално обвинение против некој писател”, вели таа.Плагијарот не само што не се смета за вистински писател, туку за човек кој гледа над рамото на еден попаметен соученик. Некои од обвинетите никогаш не се опоравиле”. Но, многу уметници се.

Мишан го наведува крадењето на „Ода за радоста” на Бетовен за финалето на Првата симфонија на Брамс. Кога го прашале, дали ја украл, Брамс признал: „Секој будала го гледа тоа”.

Друг вид на уметничка кражба предизвика неодамнешно признавање во Питсбург, Пенсилванија, кога библиотекарот и сопственикот на книжарница беа обвинети дека соработувале за кражба на ретки книги во вредност од осум милиони долари, пренесува Тајмс.

„Признавам”, рекол Грегори Прајори, поранешен библиотекар архивар во јавната Карнеги библиотека.

Прајори не сакаше сам да падне. Тој рече дека на тоа го поттикнал Џон Шулман, сопственик на книжарницата Калибан.

„Тоа беше фантастичен план кој за малку не успеа”, изјави за Тајмс, Тревис Мекдејд, специјалист за кражба на ретки книги.

Мек Дејл вели дека повеќето планови како овој не успеваат, бидејќи крадците најчесто ги фаќаат кога се обидуваат да ги продадат украдените книги. Но, во овој случај, Прајори имаше пристап до ретки предмети, како што е една верзија на „Принципот” на Исак Њутн вредна 900.000 долари, а Шулман имаше пристап до мрежа на луѓе кои имаат средства и биле заинтересирани да купат такви книги преку неговата книжарница.

Прајори вели дека ги користел парите од измама да им плати на децата школарина и да остане „на површина”.

„Не требаше да го направам тоа”, рече тој. „Ја сакав мојата просторија, работата и алчноста ме обзема”.

Втор крадец не ја призна лесно кражбата на 360 килограми тешка скулптура на чекан во Хелдсбург, Калифорнија, пренесува Тајмс.

Огромен чекан, долг шест метри, висок речиси два метра, би било тешко да се скрие. И покрај наградата од 1.000 долари за пронаоѓање чеканот, која ја понуди уметникот кој го направи, Даг Анкери, чеканот не е виден откако бил земен од тревникот пред општинскиот центар.

„Чисто се сомневам дека е во нечија лична колекција”, изјави Дерил Еркел од полицијата во Хелдсбург.

Неколку недели по исчезнувањето на чеканот, еден метар долга шајка беше поставена на празното место каде што порано стоеше чеканот. На главата на шајката е врежан зборот „МАМЕЦ”.

„Првата реакција беше, ха? “, вели Реа Борха, портпаролка на градската општина. „Не пецкаа луѓето кои земаа чеканот?”

Но, потоа следуваше признавање: Работник металец, кој живее во соседството, призна дека направил шајка и ја забил во земја, надевајќи се дека ќе му помогне да го фати крадецот.

„Тоа требаше да го привлече чеканот”, рекол Еркел.